Тимот на Македонија Ѓорче Петров полека го креира тимот за наредната сезона, а откако пред еден ден беа потврдени заминувањата на Стефан Лазаревиќ и Есмин Личина се пристигна и ново име во клубот.
Нападот на „лавовите“ е посилен за бугарскиот напаѓач Антон Карачанаков. 31-годишниот фудбалер во клубот пристигнува од тимот на Монтана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последната полусезина за Монтана тој одигра 16 натпревари во кои имаше учинок од пет гола и две асистенции. Низ кариерата го носеше дресот на Пирин, Царско Село, Ботев, Берое, Славија и ЦСКА Москва во Бугарија, додека беше дел уште од романската Поли Јаши, грчкиот Панчаики и руската Балтика.
Ќе потсетиме, Македонија Ѓорче Петров во изминатата сезона го одбрани трофејот во Купот на Македонија и така обезбеди место во првото коло од квалификациите за Конференциската лига.