Дома Останати Тенис Брутална казна: Тенисер суспендиран 15 години поради местење!

Брутална казна: Тенисер суспендиран 15 години поради местење!

Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА) му изрече 15-годишна забрана на шпанскиот тенисер Арон Кортес поради местење натпревари.

ИТИА соопшти дека Кортес признал 35 прекршувања на тениската антикорупциска програма помеѓу 2016 и 2018 година.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во соопштението се наведува дека Кортес манипулирал со резултатите од натпреварите, прифаќал пари за да манипулира со исходите и не пријавил коруптивни практики, се обложувал на натпревари и им давал пари на официјалните лица на турнирот во замена за специјални покани (вајлд-карти).

ИТИА додаде дека Кортес целосно соработувал и ја прифатил казната, која вклучува парична казна од 75.000 долари.

На Кортес му е забрането да игра и да присуствува на официјални тениски настани до 27 март 2039 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Урнебесен момент: Еден од најпознатите холивудски актери заспа во мечот на Ѓоковиќ! (Видео)

Тај-брејкот на мечот на Новак Ѓоковиќ? Ако го прашате Хју Грант, можеби ќе ви каже дека не…