Кристијано Роналдо во Германија го игра своето шесто Европско првенство и е единствениот фудбалер со такво достигнување, но иако со неговата репрезентација се пласираше во четвртфиналето на индивидуален план баш и не му оди.
Португалецот досега на теренот помина 366 минути и се уште не постигнал гол (не се смета голот во пенал рулетот). Се обидуваше на разни начини, вчера против Словенија во продолженија не реализираше и пенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Европското првенство Роналдо упатил вкупно 20 удари кон противничките голови, а од 1980 година само уште четворица играчи имале послаб учинок. Беа тоа Деко (24 удари 2004 година), Фернандо Херо (23, 1996), Кевин Де Брујне (21 2016) и Дани Олмо (2020 21).
Исто така Роналдо против Словенија се обиде четири пати од слободен удар, а со тоа стигна до бројката од 60 изведени слободни удари од кои постигнал само еден гол.