Aнглиски „Тhe Sun“ утрово пренесе изненадувачки информации дека Јувентус постигнал договор со Марио Балотели.
Сега реномираниот „Калчомеркато“ пренесува дека Балотели и Јувентус немаат никаков договор и дека „старата дама“ воопшто не е заинтересирана за контроверзниот Италијанец.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Покрај тоа се додава дека менаџерот Мино Раиола два пати го нудел Марио на Јувентус, но Јувентус и во двата наврати одбивал да потпише договор со Италијанецот.
Причината поради која Јувентус го одбил Балотели наводно е проблематичното однесување на фудбалерот.