Дома Фудбал Репрезентации Брзите тестови за влез на стадионот во Букурешт ќе чинат осум евра

Брзите тестови за влез на стадионот во Букурешт ќе чинат осум евра

Македонските навивачи кои ќе патуваат во Букурешт да го следат дебито на црвено-жолтите на Европското првенство ќе треба да издвојат осум евра за брзи-антигенски тестови во низата медицински пунктови кои ќе бидат поставени низ романската престолнина.

Во Букурешт ќе бидат отворени повеќе медицински пунктови на главните локации во градот со цел навивачите полесно да дојдат тоа што им треба да за влез на стадионот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На стадионот ќе можат да влезат сите вакцинирани со примена втора доза десет дена од аплицирањето, потоа сите што имаат негативен ПЦР тест со важност до 72 часа, прележан од ковид помеѓу 15 и 90 дена или со негативен тест направен на 24 часа пред почетокот од мечот.

Ако навивачот ги усполнува условите ќе добие алка со која ќе може да влезе на стадионот. Алките ќе мора да се носат постојано на стадионот како доказ дека сте безбедни од коронавирус и дека имате билет за мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Панчев верува: Македонија може против Данска!

Легендарниот македонски напаѓач Дарко Панчев е оптимист пред клучниот бараж дуел со Данска…