Дома Македонски спорт Мак ракомет Брестовац станува селектор на Блискиот Исток!

Брестовац станува селектор на Блискиот Исток!

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац има нов предизвик во својата кариера и ќе биде селектор на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Брестовац го напушта Тиквеш кој се бори за излез во Европа и веќе пристигна во Дубаи каде што утре ќе биде промовиран на новата функција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За Брестовац ова ќе биде втор ангажман на Блискиот Исток, претходно во сезоната 2021/2022 тој го водеше тимот на Ал Мадар од Саудиска Арабија.

Од друга страна на клупата на Тиквеш во последните три кола ќе седи помошникот Боро Ѓорѓиев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…