Дома Македонски спорт Мак ракомет Брестовац одлучи: Со овие 16 ракометари ќе играме против Исланд

Брестовац одлучи: Со овие 16 ракометари ќе играме против Исланд

Македонските ракометари денес патуваат за Рејкавиќ каде што утре ги очекува натпревар против Исланд во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Брестовац го соопшти конечниот список од 16 ракометари кои ќе конкурираат за утрешниот натпревар. За настап против Исланд нема да бидат во комбинација, Мартин Томовски, Димитар Димитриовски, Мартин Манасков и Мартин Серафимов.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Брестовац против Исланд ќе смета на следните ракометари:

Ристовски и Митревски се голманите, Манасков, Маџовски, Георгиевски и Поповски ќрила, Талески, Кузмановски, Н. Маркоски, Кукоски, Лазаров, Јагуриновски и Танкоски ќе ја сочинуваат бековската линија, пикери се В. Маркоски, Стоилов и Пешевски 

Натпреварот помеѓу Исланд и Македонија се игра утре со почеток во 21:45 часот, додека на 14-ти април Исланд ќе гостува во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…