Македонија ја чека уште еден натпревар на Светското првенство после двата порази од Словенија и Русија во втората фаза од Мудијалот. Последниот натпревар на СП Македонија ќе го игра утре против Белорусија.
Како и пред секој натпревар, денес зборуваше селкторот Данило Брестовац.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со Русија лошо влеговме во натпреварот, изгледавме лошо на теренот. Не ми се допадна како започнавме, во тие моменти натпреварот беше решен. За секој натпревар тука мората да бидете добро припремени. Симптоматично ми е што имавме проблеми и во Австрија минатата година“.
„Можам да забележам дека една слика прикажуваме во квалификациите, а друга во турнирските настапи. Имаме големи проблеми за утре, ќе видиме кој ќе игра. Ќе се поделиме на тренинг и ќе видиме со што располагаме“.
Брестовац смета дека Кузмановски може да биде новиот лидер на репрезентацијата по заминувањето на Лазаров.
„Кузмановски полека се наметнува да биде предводник на оваа екипа, во овој момент тој е најсериозен кандидат да ја превземе улогата на Кире Лазаров по неговото заминување“.
Задоволен е како сме покриени на пивотменската и голманската позиција.
„Можам да го издвојам и Костески кој прикажа солидни настапи. Добро сме покриени на пивотменската и голманската позиција, Митревски и Томовски добро функционираат. Трет голман е Даниловски, а да не ги заборавиме уште Кизиќ и Петковски“, истакна селекторот.
Дуелот со Белорусија го играме утре од 15:30 часот.