21 годишниот напаѓач Папа Оумар Сисе од Сенегал кој во редовите на Брера Струмица дојде летово , нема да настапува за струмичкиот клуб во продолжението на првенството. Управата на клубот и Сисе се договорија и одлучија спогодбено да го раскинат договорот за неговиот ангажман кај нас.
Сисе во Брерадојде во јули, месец дена пред стартот на првенството од италијанскиот клуб Авецано. Во есенскиот дел од првенството за сениорски состав имаше 14 настапи при што беше асистент на гол во дуелот со Струга Трим Лум.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пралалено Брера ја информираше јавноста дека истече договорот со фудбалерот Христијан Малески кој беше на позајмица во клубот. Тој се враќа повторно во Струга Трим Љум, од каде летово дојде во Струмица. 21 годишниот Малески во дресот на Брера доби шанса на 10 првенствени меча при што постигна гол во мечот со Тиквеш од Кавадарци