Преку официјално сооопштение екипата на Брера потврди дека се разделува со тренерот Бојан Круљ.
Брера сезонава победи само во првото коло на отоврањето против Вардар, а подоцна запиша три порази во низа. По последниот неуспех од шампионот Струга раководството одлучи да се раздели со Круљ, а од Струмица си заминуваат и неговите помошници, Милош Поповиќ и Душан Дошљак.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сакам да му се заблагодарам на Бојан Круљ со неговите помошници за посветената работа во изминатиот период. Одлуката е заедничка, во интерес на клубот за наредниот период. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Ни следува репрезентативна пауза која ќе ја искористиме за максимална подготовка на првиот тим за следните мечеви од оваа сезона”, изјави генералниот директор на Брера, Ване Стојанов.
Брера по четири одиграни кола има само три бода, колку што има и Вардар.