Полсе одличниот почеток на сезоната, Брахим Дијаз стана миленик на навивачите на Милан.
Шпанецот минатата сезоја ја одигра солидно, Милан одлучи да го задржи и оваа сезона игра фантастично.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Брахим Дијаз вели дека во Милан се чуствува одлично и дека „росонерите“ до крај ќе се борат за Скудетото.
„Борбата за Скудетото ќе биде израмнета, со голем број на претенденти. Имаме одлична екипа со многу таленти, спремна да се жртвува. Имаме одличен миск од младост и искуство и до крај ќе се бориме за Скудетото оваа сезона“, изјави Брахим.
„Ибра ми е како постар брат. Секогаш бара максимум, а во исто време ми дава најдобри совети. Тој прави разлика на теренот и надвор од него. Да се има Ибра во екипата е голема предност, се уште е врвен фудбалер“, додаде Шпанецот.