Плејмејкерот на Милан, Брахим Дијаз го следеше примерот на соиграчот Тео Хернандес и ја исфарба косата во црвено-црна боја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двајцата дадоа такво ветување доколку Милан успее да се пласира во Лигата на шампиони. „Росонерите“ минатата сезона завршија на второто место на табелата и после цели 7 години ќе играат во најелитниот турнир.
Најпрво Тео Хернандес ја исфарба косата во црвено-црно, а сега истото го направи и Брахим Дијаз и објави фотографија на социјалните мрежи со порака: „Ветувањето исполнето“.
Promesa cumplida! 🤣 @TheoHernandez pic.twitter.com/hf0fOp7TPc
— Brahim (@Brahim) July 21, 2021