Францускиот фудбалер Пол Погба игра во одлична форма откако што Оле Гунар Солскајер пристигна на клупата на Манчестер Јунајтед наместото на Мурињо.
Погба во првиот дел од сезоната беше еден од најлошите играчи и често се зборуваше за тоа дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Не е тајна дека Погба бил во многу лоши односи со Мурињо кој често знаеше да го сотави на клупата.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако што Мурињо доби отказ, Погба беше првиот кој се огласи на социјалните мрежи и на некој начин го прослави заминувањето на Португалецот. Дека промената на тренерот му одговара се виде во претходните неколку недели, бидејќи Погба стана еден од најдобрите играчи на „Црвените ѓаволи“.
Дека работите не биле идеални најдобро покажува изјавата на братот на Погба, Матијас кој призна дека неговиот брат сакал да го напушти Јунајтед. Матијас потврди дека Погба не бил во добри односи со Мурињо и дека уште во јануари сакал да го напушти клубот доколку Мурињо останал на клупата.
„Се разбира дека размислуваше за заминување од Манчестер Јунајтед. Мислеше на тоа многу често, бидејќи беше несреќен од тој статус во клубот. Денеска приказната е друга и се гледа дека е среќен. Тој сака на теренот да зборува, а не надвор од него како што Мурињо тоа го правеше“, изјави Матијас Погба.