Дома Фудбал Италија Братот на Дибала: Постојат големи шанси Паоло да си замине, повеќе играчи на Јувентус не се среќни

Братот на Дибала: Постојат големи шанси Паоло да си замине, повеќе играчи на Јувентус не се среќни

Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала од 2015 година е фудбалер на Јувентус, но сезоната која завршува би можела да биде негова последна во црно-белиот дрес.

Долго време во медиумите се пишува дека Дибала не е среќен во Јувентус и дека може да си замине, но сега работата станува сериозна затоа што се огласи братот на Аргентинецот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Братот на Дибала, Густаво за италијанските медиуми јасно без заобиколувања порача дека постојат големи шанси Дибала да го напушти Јувентус ова лето.

Освен тоа Густаво порача и дека Дибала не е единствениот фудбалер на Јувентус кој не е премногу среќен во Торино.

„Да, навистина постојат големи шанси Дибала да го напушти Јувентус ова лето. На Паоло му е потребна некоја промена. Не можам сега да ви кажам каде ќе оди и кој клуб би бил добро место за него, но дека постојат шанси да замине, постојат“.

„Тој не е среќен во Јувентус, ама не е единствениот играч кој се чуствува така. Повеќе играчи на Јувентус се чуствуваат непријатно во Јуве“, изјави Густаво.

Потоа тој беше запрашан дали Дибала има проблем со Кристиано Роналдо.

„Кристиано е одлична личност, Паоло немал никаков проблем со него. Можеби не размислуваат исто и имаа некои тактички недоразбирања, но да не заборавиме дека тие се различни играчи“, дополнил Густаво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…