Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот на натпреварувањето останува повеќе од еден месец.
Копа Америка овојпат се игра во Соединетите Американски Држави, а еден од фаворитите за победа секогаш е Бразил, кој повторно ќе има исклучително силен тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради повреда на спиското го нема Нејмар, а покрај него изоставени се и Ричарлисон од Тотенхем, Касемиро и Габриел Жесус.
Голмани Алисон (Ливерпул), Бенто (Атлетико Паранаенсе), Едерсон (Манчестер Сити),
Одбрана: Бералдо (ПСЖ), Едер Милитао (Реал Мадрид), Габриел (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Данило (Јувентус), Јан Куто (Џирона), Гиљермо Арања (Атлетико Минеиро), Вендел (Порто),
Ред за врска: Андреас Переира (Фулам), Бруно Гимараеш (Њукасл), Даглас Луис (Астон Вила), Жоао Гомеш (Волвс), Лукас Пакета (Вест Хем),
Напад: Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Родриго (Реал Мадрид), Габриел Мартинели (Арсенал), Рафиња (Барселона), Еванилсон (Порто), Савио (Џирона), Ендрик (Палмеирас).