Дома Фудбал Бразил и Швајцарија се последните патници во осминафиналето (ВИДЕО)

Бразил и Швајцарија се последните патници во осминафиналето (ВИДЕО)

Селекцијата на Бразил вечерва во последниот меч од групната фаза славеше во дуелот против Србија со 2:0.

Резултатот на мечот го отвоти Паулињо во 36. минута, по што Бразил со предност замина на полувреме. Силва го зголеми водството на Бразил во 68. минута, а до крајот Нејмар имаше фантастична можност која не ја искористи.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во вториот и последен меч вечерва во рамки на групната фаза, Швајцарија и Костарика ремизираа 2:2, но резултатот беше поволен за Швајцарија која заедно со Бразил го обезбеди пласманот во осминафиналето.

Џемаили го отвори резултатот во 31. минута, па на полувреме се замина со резултат од 1:0. Во вториот дел беа постигнати три погодоци, Вастон израмни на 1:1 во 56. минута, а Дрмиќ за Швајцарија во 88. минута постигна погодок за водство и нови три бода. Сомер со автогол успеа да донесе конечни 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англиски фан стана хит: Се заглави во ротирачката врата на стадионот во Тирана (Видео)

Англиски фан се најде во необична ситуација кога се заглави во ротирачката врата на стадио…