Дефанзивецот на ПСЖ, Тиаго Силва призна дека се обидува да го убеди Филипе Кутињо да дојде во францускиот состав.
Кутињо, летово беше во центарот на вниманието бидејќи Барселона со сите сили се обидуваше да го донесе, но Ливерпул тоа не го дозволи. Сепак, постојат големи шанси бразилскиот фудбалер да ги напушти „Црвените“ веќе во јануари и токму неговата кариера да ја продолжи во каталонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, неговиот сонародник Тиаго Силва призна дека го убедува веќе некое време Кутињо да дојде во ПСЖ. Овој дефанзивец му порача на Кутињо да остане на „Енфилд“ до лето и потоа да дојде во Париз.
„Разговарам често со Кутињо и се надевам дека ќе ме изненади со својот трансфер. Како пријател му давам совет што би требало да направи. Така беше и со Нејмар и верувам дека за Кутињо ќе биде добар порег да дојде во ПСЖ на крајот на сезоната“, истакна Тиаго Силва.