Репрезентацијата на Албанија по вторпат во својата историја ќе игра на Европско првенстви, нашиот западен сосед со вчерашниот бод против Молдавија само ги потврди одличните квалификации.
Албанија е предводена од бразилскиот стратег Силвињо кој го повтори успехот на Италијанецот Џовани Де Бјази кој во 2016 година ја одведе оваа селекција на ЕП во Франција. Тогаш Албанија во групната фаза забележа една победа и два порази.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Чест ми е што сум селектор на Албанија. Ја чувствувам енергијата, желбата за успех на овие момци и на овој народ. Не е само на Силвињо, туку овој успех е и на Забалета, Дорива, Булку (неговите помошници), целиот стручен штаб и на фудбалерите. Клучот за овој успех не е тактиката, туку желбата да се успее и љубовта кон фудбалот“, изјави Силвињо по вчерашниот натпревар.
Поранешниот фудбалер на Арсенал, Барселона, Манчестер Сити и бразилски репрезентативец работи одлично на клупата на Албанија и во последните осум натпревари има пет победи, две нерешени и еден пораз.
💪❤️ Albania manager Sylvinho full of passion as they secure qualification for EURO 2024! 🇦🇱 pic.twitter.com/KynTYry5Qq
— EuroFoot (@eurofootcom) November 17, 2023