Чилеанскиот чувар на мрежата Клаудио Браво ова лето од Барселона прејде во редовите на Манчестер Сити за 17 милиони фунти, но не се снајде баш најдобро на „Етихад“.
Шпанскиот портал „Дон Балон“ тврди дека искусниот голман жали што го напушти „Камп Ноу“ и изразил желба да се врати во Барселона.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Според англиските медиуми, причина за незадоволството на Браво се неговата лоша форма, неможноста да се прилагоди на условите во Премиер лигата, како и и односот кон него од страна на навивачите и островската јавност.
Сепак, прашање е колку Барселона ќе биде заинтересирана за враќање на Браво, пред се поради тоа што во тимот улогата на втор голман ја има Холанѓанецот Јеспер Силесен.
Доколку Чилеанецот навистина го напушти „Етихад“, англиските медиуми шпекулираат дека Сити ќе тргне по 23-годишниот голман на Бенфика, Бразилецот Едерсон чија откупна клаузула изнесува 30 милиони евра.