Дома Останати Авто Мото Ботас до пол позиција, Мерцедес доминираше пред Ферари

Ботас до пол позиција, Мерцедес доминираше пред Ферари

Возачите на Мерцедес доминираа утрово во квалификациите за Големата награда на Кина. Пол позицијата на крајот ја освои Валтери Ботас, додека Луис Хамилтон заврши втор пред возачите на Ферари.

Од самиот почеток на квалификациите Мерцедес покажа доминација на патеката. Имено, од овој тим пред големата награда на Кина упорно тврдеа дека Ферари ќе доминира затоа што се побрзи на патека со помалку свиоци, а потоа приредија изненадување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ботас и Хамилтон имаа одлично темпо од самиот почеток на квалификациите и во првите два дела беа пред сите. Ферари како да ги штедеше своите болиди за третиот дел, но се покажа дека се немоќни.

Третиот дел започна како и претходните два бидејќи Ботас и Хамилтон одлично ги извозеа своите кругови и беше јасно дека токму тие двајца ќе се борат за пол позициите.

До крајот гледавме драма и борба на возачите од Мерцедес, додека Ферари го напаѓаше третото и четвртото место. Пол позицијата на крајот му припадна на Ботас со време од 1:31.547, додека втор беше Хамилтон со заостанување од 23 десетинки.

Трет утре ќе стартува Себастијан Фетел, а зад него ќе биде тимскиот колега Чарлс Леклер. Во Топ 10 квалификациите завршија уште Макс Верстапен, Пјер Гасли, Даниел Рикардо, Нико Хулкенберг, Кевин Магнусен и Грожан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…