Кошаркарите на Бостон Селтикс го победија Далас Маверикс со 106:88 во петтиот натпревар од финалето на НБА и ја освоија титулата со вкупен резултат 4:1.
За тимот од Бостон тоа е рекордна 18. титула во НБА, а прва од 2008 година. Досега Селтикси беа изедначени по бројот на титули со Лејкерси (Лос Анџелес и Минеаполис), кои освоија 17.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најпродуктивен играч на средбата беше домашниот играч Џејсон Тејтум, кој постигна дабл-дабл со 31 поен и 11 асистенции. Кај Маверикс се истакна Лука Дончиќ со 28 поени и 12 скока.
Џејлен Браун беше прогласен за МВП на финалето. Дваесет и седумгодишниот Американец во серијата од пет натпревари имаше просек од 20,8 поени, 5,4 скока и 5 асистенции.