Дома Фудбал Останато Босанската фудбалска легенда доживеа тешка собраќајна несреќа (ВИДЕО)

Босанската фудбалска легенда доживеа тешка собраќајна несреќа (ВИДЕО)

Eмир Спахиќ кој е роден во Дубровник до пред пет години беше репрезентативец и како капитен ја водеше Босна до нејзиното прво Светско првенство, а денес доживеа тешка собраќајна несреќа.

Спахиќ со хеликоптер бил пренесен од Требиње во Сараево. Тој би совозач во теренско возило кое се превртило. Според информациите тој е при свест, но има тешко повреди.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на БиХ објави кратко соопштение за оваа ситуација: Иако ситуацијата е сериозна, Спахиќ е надвор од животна опасност. Во овој момент се вршат активности околу пренесувањето од болницата во Требиње во Сараево“, стои во соопштението.

Подоцна хеликоптерот слета во Сараево.

За репрезентацијата на БиХ одигра 94 натпревари. Пред две години ја заврши кариерата во која играше за: Челик, Дубровник, Загреб, Ѓиник, Торпедо Москва, Локомотив Москва, Монпеље, Севиља, Анжи, Баер Леверкузен и ХСВ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сагата продолжува: Мбапе спреми тужба за ПСЖ

Килијан Мбапе ова лето како слободен агент го напушти ПСЖ, но очигледно се уште има нерасч…