Неколку европски гиганти во следниот период ќе се борат за потписот на 19-годишниот Џуд Белингам, кој игра за Борусија Дортмунд.
Германскиот тим бара 90 милиони евра за Белингам, а заинтересирани за него се Манчестер сити, Ливерпул, Челси, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул смета дека е во најдобра позиција да го добие англискиот репрезентативец, но никој не треба да го отпише и Челси затоа што новиот газда Тод Боели нема да штеди пари.
Шпанските медиуми во претходните месеци шпекулираа дека Белингам ќе биде замена за Лука Модриќ во Реал Мадрид, а се очекуваат конкретни чекори и од шпанскиот шампион.
Белингам пристигна во Борусија пред две години за 25 милиони евра и сите ги воодушеви со неговите настапи.