Дома Топ вести Борусија спремна да го продаде Санчо, на потег е Јунајтед

Борусија спремна да го продаде Санчо, на потег е Јунајтед

Челниците на Борусија Дортмунд се подготвени да преговараат за трансферот на крилниот напаѓач Џејден Санчо ова лето.

Германците се подготвени да се разделат со својата ѕвезда доколку добијат примамлива понуда, тврдат медиумите на Островот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најсериозен интерес за Санчо покажува Манчестер Јунајтед. И самиот фудбалер е подготвен да премине на „Олд Трафорд“, но има еден услов. Тој сака да види дали „црвените ѓаволи“ можат да обезбедат место во ЛШ следната сезона.

Во меѓувреме, Дортмунд веќе работи на пронаоѓање замена за Санчо и ги започна преговорите со Милот Рашица од Вердер Бремен. Клубот го привлече и младиот Белингем, кој исто така ќе добие шанса во првиот тим.

Од „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе го земат играчот за сума од околу 55 милиони евра, и се подготвени да додадат дополнителни клаузули за да формираат вкупна сума од 80 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…