Дома Фудбал Германија Борусија Дортмунд му нуди четири пати поголема плата на Белингам

Борусија Дортмунд му нуди четири пати поголема плата на Белингам

Борурија Дортмунд се обидува по секоја цена да го задржи Џуд Белингам во своите редови и му нуди многу повисока плата.

Белингам се етаблираше во еден од најголемите европски таленти, па гигантите водат голема битка за неговиот потпис.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Германските медиуми пренсуваат дека раководството на Дортмунд ќе има средба со Белингам после паузата за репрезентации и се очекува конечна одука на фудбалерот.

Во Дортмунд веруваат дека шансите за негово остаување не се мали бидејќи му доставија богата понуда за продолжување на соработката.

Според „Билд“, Борусија му нуди годишна плата од 15 милиони евра по сезона до 2026 година, што е скоро четири пати поголема сума од таа што во моментов ја заработува.

Доколку Англичанецот ја одбие понудата и сака да ја промени средината, Борусија за неговата слобода ќе бара 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нови промени во Лигата на шампионите. УЕФА со нив има за цел да заработи пет милијарди евра

Лигата на шампионите на УЕФА се игра во нова формација со 36 екипи веќе втора сезона по ре…