Дома Фудбал Германија „Пума“ им се извини на навивачите на Борусија за третиот дрес

„Пума“ им се извини на навивачите на Борусија за третиот дрес

Фудбалерите на Борусија Дортмунд завчера на гости кај Бешикташ за првпат играа во третата гарнитура дресови, а на навивачите не им се допадна дизајнот на дресовите.

На навивачите им пречеше што поради дизајнот на „Пума“ логото на клубот скоро и да не се приметува за разлика од знакот на главниот спознор кој доминираше. Покрај тоа не им се допадна и тоа што амблемот не се наоѓа на левата страна, туку скоро на средината.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Клубот ја сфати грешката и им се извини навивачите.

„Секогаш ги сфаќаме сериозно критиките од навивачите. Жал ни е за нивниот бес и сакаме да им се извиниме. Критиките ќе ги земеме во предвид за иднините дресови“, сопштија од „Пума“.

Претходно навивачите беа убедувани дека дресот нема да биде како на фотографиите, меѓутоа против Бешикташ изгледаше токму така.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Навивачите на Реал: Ова не е пенал. Гвардиол само ја тестира издржливоста на нашите дресови.

Ослабениот Реал ја отвори серијата во 28-мата минута благодарение на голот на Родриго. Сит…