Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд ги разочара Манчестер Јунајтед и Барселона

Борусија Дортмунд ги разочара Манчестер Јунајтед и Барселона

Борусија Дортмунд нема намера да го продаде белгискиот репрезентативец Томас Муние, откако играчот беше поврзуван со Манчестер Јунајтед и Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Ван Бисака и дека Муние е прв избор за негова замена на десната бековска позиција.

Исто така и Барселона е во потрага по десен бек и покажа сериозен интерес за 30-годишниот Белгиец, кој има договор со Борусија до 2024 година.

Сепак, спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел, беше категоричен дека клубот не сака да се раздели со Муние ова лето.

„Немаме намера да го продадеме Томас Муние, во моментов не планираме да го продадеме“, изјави Кел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…