Вардар не успеа да ја добие битката со Еурофарм Пелистер во вчерашната средба од Суперкупот.
Сепак и покрај тој пораз голманот на црвенот-црните е убеден дека тие повторно ќе бидат шампиони оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш сум спремен да и помогнам на екипата, Вардар да ги оствари целите. Првенството е долго, ова е мала увертира на она што следува, не очекува неизвесен шампионат, шампионат во кој ќе се натпреваруваат две израмнети екипи.
Резултатот е помалку или повеќе реален. Имам две гледишта, кога ќе се измерат силите, сметам дека ние сме поквалитетни, ама Еурофарм Пелистер има подолга клупа и ротацијата, па ја дава таа изедначеност 50-50.
Ние сакавме да го добиеме натпреварот и одевме на победа, ама уште поважно за нас е младите играчи кои треба да се ротација да постарите играчи да увидат дека се тука за да му помогнат на Вардар да ги оствари своите цели, а тоа е двојна круна. Ние чекориме цврсто на земја, без разлика на овој резултат.
Без ароганција, но ние стоиме цврсто на нозе и веруваме и дека повторно ќе бидеме шампиони. Меѓутоа, треба да се работи, младите играчи мора да напредуваат на тренинзите, натпреварите и да помогнат, давајќи одмор на првата постава“, изјави Борко по натпреварот.