Дома Македонски спорт Борко: Играта денес ни дава за право да се надеваме на победи со Црна Гора и Данска

Борко: Играта денес ни дава за право да се надеваме на победи со Црна Гора и Данска

Борко Ристовски беше гостин во студиото на MTВ посветено на настапот на македонската репрезентација на Европското првенство.

Македонија денес изгуби од Словенија со 27:25, но не може да се каже дека момците разочараа. Задоволен од прикажаното е и Борко.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ме радува тоа што оваа репрезентација се уште ја краси борбеноста која не красеше во минатото. Два пати се враќавме во натпреварот и не се предадовме во ниту еден момент. Ме радува и што Томовски го започна првенството на високо ниво. Од овој пораз треба да извлечеме и позитивни работи. Се појавија неколку млади играчи кои можат да го понесат товарот во иднина. Позитивно сум изненаден како во одбрана одиграа Мишевски и Талески. Одбраната денес беше нашиот подобар сегмент од играта“.

Со ваква игра Борко смета дека може да се надигруваме со Црна Гора и Данска во следните два натпревари.

„Жал ми е што не ги искористивме одбраните на Томовски. На крајот веројатно пресуди искуството. Не го искористивме џокерот што го имавме што фаворитите обично тешко играат во првите натпревар. Сепак, ќе кажам дека имаме шанси да победиме во следните два натпревари со Црна Гора и Данска. Играта денес ни дава за право да се надеваме“, изјави Борко во студиото на МТВ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…