Голманот на Вардар Борко Ристовски веќе некое време отворено покажува дека не му се допаѓаат некои потези на претседателот на Кошаркарската федерација Перо Антиќ.
Сега во емисијата „Бекстејџ“ Борко отворено зборуваше и порача дека не би сакал неговиот син да има идол како што е Антиќ денес како претседател.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не се случува ништо лично помеѓу мене и Перо Антиќ, напротив имам многу коректен однос. Меѓутоа моите објави се во насока во тоа што тој го претставува во овој момент. Вие сте поранешен спортист и идол на многу дечиња кои треба да се угледаат во вас. Можеби вредностите како спортист ги изгуби некаде по пат. Во последно време мислам дека прави се, само не дава на кошарката“, зборува Борко помеѓу другото.
„Имам и јас мало дете, не сакам да има такви идоли и она што тој го претставува. Мене ми е жал еден голем спортист да дојде до нешто вакво. Од успешениот и голем спортист Перо Антиќ ова не е ниту бледа слика“.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА БОРКО