Македонската репрезентација не игра на своето ниво во натпреварот против Шпанија.
„Црвената Фурија“ на стартот од средбата успеа да стигне и предност од 1:6, додека Македонија дури во 14 минута од натпреварот го постигна првиот гол од игра и тоа преку Дејан Манасков за 3:7, претходните два погодоци ги постигна капитенот, Лазаров со удари од седум метри. Кој во 11 минута се повреди, а на негово место влезе младиот Мартин Веловски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во овој период од натпревар за наша среќа го имавме одличниот Борко Ристовски кој запиша четири интервенции во првите 15 минути.
Вo следните минути Ристовски продолжи со одличните одбрани, но за жал не функционираше нападот, па и покрај одбраните на нашиот прв голман Шпанија повторно стигна до шест погодоци предност, 11:5 на седум минути до крајот на полувремето.
До крајот на полувремето Шпанија само ја зголемуваше предноста, па на полувреме се заминавме со негатива од 15:6.