
Италијанските медиуми пренесуваат дека Фабио Борини би можел да го напушти Милан во зимскиот преоден рок и да се врати во Премиер лигата.
Имено, силен интерес за 27-годишниот Италијанец покажува Њукасл, кој веќе спремил понуда за „росонерите“.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Борини минатото лето пристигна во Милан од Сандерленд за само 5 милиони фунти, а претходно имаше неуспешна епизода во Ливерпул.
Бенитез одлично ги познава неговите квалитети и смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим, кој има проблеми во нападот.
Борини често добива шанса кај Гатузо бидејќи е универзалец и го користи на неколку позиции во тимот.