Дома Фудбал Репрезентации Бонучи: Тешки беа првите 48 часа по поразот од Македонија

Бонучи: Тешки беа првите 48 часа по поразот од Македонија

Елиминацијата од Македонија донесе бурни реакции во италијанската јавноста, сега неколку дена подоцна со ладна глава на оваа тема зборуваше стоперот на Јувентус Леонардо Бонучи.

Во италијанските медиуми веќе е најавено дека Џорџо Киелини се повлекува од националниот дрес на крајот на оваа сезона, но Бонучи нема таква намера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не знам какви се плановите на Киелини, но јас имам желба да продолжам и да бидам лидер на младите фудбалери кои го носат овој дрес. Првите 48 часа по елиминацијата беа навистина тешки. Најтешкиот дел беше да се мотивираат младите да кренат глава и да продолжат. Им зборувавме дкеа имаат неколку првенства пред нив и дека мораат да мислат на нас. Со нив разговараше и селекторот, така се стави точка на минатото, иднината е пред нас и ќе мораме да почнеме одново да се вратиме каде што припаѓаме“, изјави Бонучи.

Италијанците утре ги очекува натпреварот против Турција кој е натпревар на поразените од пле-офот и нема некакво посебно значење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…