Дефанзивецот на Јувентус и италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи откри дека во минатото бил блиску до трансфер во Манчестер Сити.




Пеп Гвардиола најпрво во 2016 година се обидел да го доведе Бонучи, но без успех, а потоа се обидел уште еднаш.




Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Имав сон Гвардиола да ми биде тренер. Најблиску бев во 2016 година. Веќе ги договоривме сите детали, но Јувентус го стопира трансферот“, откри Бонучи.




„Потоа се преселив во Милан, но таму работите не се одбиваа како што замислував. Гвардиола повторно ме контактираше минатата година, но му кажав дека Јувентус е мојот дом“, додаде Италијанецот.