Дома Трансфер зона Бонучи потврди: Го одбив Реал Мадрид!

Бонучи потврди: Го одбив Реал Мадрид!

Леонардо Бонучи ја изненади комплетната италијанска јавност кога летото 2017 година одлучи да го напушти Јувентус и да се пресели во редовите на големиот ривал, Милан.

Само 12 месеци подоцна Бонучи донесе уште поконтроверзна одлука и се врати во редовите на „старата дама“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Минатото лето медиумите шпекулалираа дека дефанзивецот има многу понуди, меѓу кои и од Реал Мадрид. Италијанецот сега го потврди тоа и истакна дека ги одбил „кралевите“ бидејќи сакал да се врати во Јувентус.

„Дали е вистина дека го одбив Реал Мадрид? Да, вистина е, Реал Мадрид покажа сериозен интерес за да ме ангажира, сето тоа беше голема чест за мене да бидам нивна желба. Тоа ми даде значење, ми даде јасна слика дека сум работел добро во текот на годините. Но, повикот од Јувентус, беше нешто повеќе за мене, мојата желба да се вратам во мојот дом беше голема, одлучи срцето во оваа ситуација“, изјави Бонучи во интервју за шпанските медиуми.

Бонучи со неговиот Јувентус утре му гостува на Атлетико Мадрид во првиот осминафинален натпрвар од Лигата на шампиони.

„Кога дојде Роналдо, најдобриот играч во светот, стана јасно дека нивото на Јуве се крена, со самото тоа и шансите да се стигне до сонот – трофејот во Лигата на шампионите. Со овој трансфер на сериозниот доби и целокупниот италијански фудбал, а згора на тоа Кристијано покажува дека е извонреден професионалец, не ѕвезда што живее на стара слава“, истакна Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …