Трансферот на Леонардо Бонучи од Јувентус во Милан беше еден од најшокантните ова лето во Италија, па и во цела Европа.
Бонучи одличи после седум години да го напушти Јувентус и за 40 милиони евра се пресели во редовите на големиот ривал Милан.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Навивачите никогаш нема да му простат за таквиот потег и веднаш го нарекоа „кукавица“, „предавник“ и „платеник“, а денес Бонучи објасни зошто се одлучил на таков чекор.
„Одлучив да го напуштам Јувентус поради одлуките кои ги донесе раководството. Клубот и тренерот минатата сезона донесоа некои одлуки кои нормално е да имаат последици. На крајот јас донесов своја одлука да се разделам со Јувентус“, истакна Бонучи.
„Не заминав поради пари, тие кои ме напаѓаат не знаат дека јас последната година во Јуве заработував исто колку што заработувам сега во Милан. Донесов храбра одлука, за да се преселиш од Јуве во Милан потребно е да имаш мадиња. Тоа што ме критикуваат фановите е нешто што ќе го однесе ветерот, она што останува е титулите кои ги освоив со Јувентус“,заклучи италијанскиот дефанзивец.