Леонардо Бонучи важи за еден од најбараните дефанзивци во Европа, но Италијанецот и остана верен на „старата дама“ и денес потпиша нов договор до 2021 година.
Неговиот потпис беше еден од приоритетите на раководството на клубот, а за новиот договор доби и зголемување на годишната плата.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
За Бонучи летово се „тепаа“ премиерлигашите Манчестер Сити и Челзи кои нудеа 60 милиони евра, но дефанзивецот реши да остане во Торино.
Бонучи пристигна во Јувентус во 2010 година и оттогаш е незаменлив дел од тимот на „бјанконерите“, а досега има 291 настапи и 16 гола за составот од Торино.