Реал Мадрид на лето е спремен да направи „бум“ на трансфер пазарот и ќе има голем буџет за трансфери.
Примарна цел на „кралевите“ ќе биде доведување на нова ѕвезда во нападот, кој ќе биде наследник на Бензема.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека првото име на списокот е ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн, кој е решен да ја промени средината на лето.
Ѕвездата на „Спарси“ одби да го продолжи договорот и на лето влегува во последната година од договорот, па Тотенхем е спремен да го продаде.
Реал Мадрид ќе мора да ја победи конкурецијата, бидејќи Манчестер Јунајтед исто така покажува интерес за напаѓачот.