Како што пренесуваат италијанските медиуми, Иван Перишиќ од следната сезона нема да го носи дресот на Интер.
Договорот на Перишиќ со Интер истекува на крајот на сезоната, а „нероаѕурите“ неодамна му понудија нов двегодишен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Перишиќ после финалето на Купот испрати порака до раководството и истакна дека со важни фудбалери како него не требало да го чекаат последниот момент за нов договор.
„Калчомеркато“ пренесува дека Перишиќ веќе има договор со Челзи и ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“ на крајот на сезоната.
Детали од договорот не се познати се уште, но Хрватот од следната сезона ќе игра во Премиер лигата.
💥 #Inter – Sabatini: “Il #Chelsea ha un accordo già formalizzato con #Perisic"https://t.co/1Gs1MPkwBH
— calciomercato.it (@calciomercatoit) May 13, 2022