Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Јувентус испрати понуда за Модриќ

„Бомба“ од Шпанија: Јувентус испрати понуда за Модриќ

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а иако се најавуваше, Хрватот се уште ја нема продолжено соработката со „кралевите“.

Модриќ иако има 36 години игра уште една фантастична сезона, па има понуди на маса, но негова желба е да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Новинарот на шпански „АС“ Серхио Сантос неодамна објави дека Модриќ наскоро ќе седне на маса со раководството на Реал, па после тоа ќе  биде јасна неговата иднина.

Хрватскиот плејмејкер има на маса две понуди, а едната е од италијанскиот гигант Јувентус кој сака да го донесе на лето без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…