Реал Мадрид на лето сака да го засили нападот со врвен напаѓач, а примарна цел на „кралевите“ ќе биде Ерлинг Халанд.
Анчелоти смета дека нема адекватна замена за Бензема, па Реал сака да донесе врвен напаѓач. Доаѓањето на Мбапе е готово сигурно, но тој ќе биде користен на крилните позиции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Халанд е најголема желба, но Норвежанецот е премногу скап и бара астрономска плата, па весникот „АС“ тврди дека негова алтернатива е Роберт Левандовски.
33-годишниот напаѓач на лето ќе влезе во последната година од договорот, но сака да ја промени средината и да се пресели во Реал Мадрид.
Неодамна неговиот менаџер Пини Захави не ја исклучи можноста за трансфер на Левандовски по завршување на сезоната.