Дома Топ вести БОМБА од Шпанија: Реал прифатил понуда за Бејл

БОМБА од Шпанија: Реал прифатил понуда за Бејл

Говото сигурно Герет Бејл ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“ на крајот на сезнота, а денес шпанските медиуми објавија бомбастична вест.

Имено, Реал Мадрид прифатил понуда за Велшанецот „тешка“ 130 милиони евра од еден неименуван кинески клуб.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Се претпоставува дека станува збор за Тијанжин, но Бејл не сакал ни да разговара за трансферот, иако Кинезите му нуделе околу 50 милиони евра по сезона, односно да биде најплатен фудбалер на светот.

Бејл е спремен да го напушти Реал, но сака да остане во Европа и по можност да се врати во Премиер лигата,

Вчера излегоа информации дека агентот на Бејл веќе започнал преговори со Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ не се спремни да понудат повеќе од 90 милиони евра за неговиот потпис.

Останува да видиме каква ќе биде иднината на Бејл, но многу веројатно е дека ова лето ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште едно големо засилување за шампионот: Струга потпиша со Стефан Спировски!

Maкедонскиот шампион Струга Трим Лум денеска го промовираше новото засилување, а станува з…