Сензационална вест ни пристигнува од Формула 1 – Луис Хамилтон може да потпише за Ферари!
Наводно италијанскиот тим е на добар пат во наредните денови да потпише договор со 39-годишниот седумкратен шампион во Формула 1. Според информациите, Британецот преговарал директно со претседателот Џон Елкан и ако се биде во најдобар ред догорот би требало да биде потпишан во наредните неколку дена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хамилтон би се преселил во Ферари во 2025 година, иако има договор со Мерцедес до крајот на таа година.
Ако пристигне во Ферари, Хамилтон би дошол на местото на Карлос Саинц и ќе биде партнер со Шарл Леклер кој претходната недела го продолжи договорот.
Во исто време и новинарот Вил Бакстон на својот Твитер профил најави нешто големо.
„Слушам големи вести, би требало да пристигнат до крајот на неделата. Ако е тоа она што го мислам ќе биде огромно“.
Hearing a big announcement is on the way before the end of the week. If it is what I think it is, it’s absolutely massive. https://t.co/BfxXh7wPN1
— Will Buxton (@wbuxtonofficial) January 31, 2024
Останува да се види дали трансферот на Хамилтон во Ферари ќе стане реалност или пак ќе се покаже дека станува збор за уште една италијанска шпекулација. Минатата година пред Британецот да потпише нов договор со Мерцедес.