Милан доби силна конкуренција за потписот на напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.
Имено, Манчестер Јунајтед сериозно се вклучи во трката за потписот на Србинот, пренесуваат медиумите на Островот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Солскјер бара засилување во нападот за следната сезона, Игало е само привремено решение, па најголема желба е токму Лука Јовиќ.
Јовиќ минатото лето за 60 милиони евра беше донесен во Реал Мадрид како големо засилување, но не ги оправда очекувањата.
„Кралевите“ се спремни да го продадат, а за неговиот потпис ќе се борат Милан и Манчестер Јунајтед.
Засега не е објавена сумата која Јунајтед е спремен да ја понуди за потписот на Јовиќ, но Реал за неговата слобода ќе бара најмалку 45 милиони евра.