Дома Топ вести БОМБА ОД ЛОНДОН: На „Стемфорд Бриџ“ пристигнува дефанзивец за 68 милиони евра

БОМБА ОД ЛОНДОН: На „Стемфорд Бриџ“ пристигнува дефанзивец за 68 милиони евра

Актуелниот шампион на Англија не ја започна оваа сезона според очекувањата не само на навивачите, туку и за сите.

Последниот домашен пораз од Манчестер Сити е јасен знак дека новите засилувања се неопходни. Диего Коста го напушти Лондон, Алваро Мората е надвор од терените поради повреда, па „Сините“ се подготвени повторно да се вклучат во трката за напаѓачот на Арсенал, Алексис Санчез.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Желбата на Роман Абрамовиќ е и одличниот лев бек на Јувентус, Алекс Сандро, пишува „Mirror“. Челзи ова лето сакаше да го доведе Алекс Сандро во Лондон, но Јувентус ги одби понудите и Бразилецот го продолжи договорот. Што се однесува на Санчез, „Сините“ уште во јануари можат да стапат во контакт со играчот и да се обидат да го наговорат од следната сезона да го облече нивниот дрес.

Меѓутоа, проблем претставува тоа што за неговите услуги заинтересирани се и ПСЖ, Сити, Реал и уште некои гиганти. „Daily Mail“ тврди дека Челзи веќе подготвил 68 милиони евра за Алекс Сандро, со 5,5 милиони евра по сезона за Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…