Дома Топ вести „Бомба“ од Каталонија: Меси се сретнал со Лапорта!

„Бомба“ од Каталонија: Меси се сретнал со Лапорта!

Секој преоден рок откако Меси си замина од Барселона се поврзува со враќање на „Камп Ноау“, па за очекување е така да биде и во летниот (ако не го продолжи договорот со ПСЖ).

Меси помина долги години во Барселона и како капитен на тимот освои се што може да се освои, сепак во 2021 година откако Барселона се соочи со финансиски проблеми беше принуден да си замине.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Договорот на Аргентинецот истекува на крајот од сезоната и во овој момент се погласни стануваат шпекулациите  за негово враќање.

Наводно, Меси веќе имал средба со претседателот Лапорта која се случила пред неколку дена додека Меси беше во посета на Барселона. Посетата на Меси во Барселона ја потврди неговата сопруга со фотографија на социјалните мрежи (ТУКА).

Информациите на шпанските медиуми се дека на состанокот се разговарало за неговото враќање и сумата која што би требало Барса да ја плати, како и за зборовите од неговиот брат Матијас кој неодамна беше снимен како ја критикува Барселона.

За Барселона Меси настапуваше од 2004 до 2021 година и во тој период постигна 474 гола на 520 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…