Дома Трансфер зона „Бомба“ од Италија: Јувентус и Барса се договорија за трампата Артур – Пјаниќ

„Бомба“ од Италија: Јувентус и Барса се договорија за трампата Артур – Пјаниќ

Раководставата на Јувентус и Барселона конечно постигнаа договор за размена на Миралем Пјаниќ и Артур, пишуваат италијанските медиумите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според „Република“ Јувентус и Барса успеале да го убедат бразилскиот плејмејкер да прифати трансфер во Торино, а Босанецот веќе одамна има договор со Каталонците.

Целата трампа треба да биде официјализирана во следните денови, а сега останува уште клубовите да ги договорат останатите финансиски детали.

Во исто време „Скај Спорт Италија“ тврди дека преговорите помеѓу  двата тима продолжуваат интензвно, откако Артур дал согласност за трансферот.

Јувентус е спремен да му понуди на Бразилецот 4-годишен договор и плата од 5 милиони евра.

Каталонските медиуми исто така потврдуваат дека двата клува веќе имаат договор и се чека само финално ДА од двајцата фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…