Италијанските медиуми пренесуваат дека Масимилиано Алегри ова лето би можел изненадувачки да се врати на кормилото на Милан.
Алегри и официјално се раздели со Јувентус и е слободен да бара нов ангажман, а извршниот директор на „росонерите“, Иван Газидис веќе остварил средба со трофејниот стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алегри беше на клупата на Милан цели четири години и му го донесе последното Скудето на „росонерите“ во 2011 година и според последните информации е спремен да се врати на „Сан Сиро“.
Освен тоа, Алегри се поврзуваше со Баерн Минхен и Тотенхем, но таму речиси сигурно нема да се пресели бидејќи двата клуба сакаат да си ги задржат тренерите.
Од друга страна, медиумите пишуваат дека Џенаро Гатузо ќе добие отказ без разлика дали ќе обезбеди пласман во Лигата на шампиони, а токму Алегри треба да биде неговата замена.
Милан има големи амбиции и сака што е можно побрзо да се врати на италијанскиот и европскиот врв, па Газидис наводно му дал сериозни гаранции на Алегри за да прифати да се врати на „Сан Сиро“.