Една од главните трансфер цели на Реал Мадрид следното лето ќе биде доведување на еден врвен напаѓач на „Сантиаго Бернабеу“.
Иако сите светски медиуми најчесто во контекст со „кралевите“ го доведуваа Хари Кејн, се чини дека Реал Мадрид се насочил кон Роберт Левандовски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, „кралевите“ имат потешкотии во преговорите и тешко дека ќе стигнат до потписот на Хари Кејн, па сега главна цел за нападот е токму Левандовски.
Германски „Скај“ пренесува дека Реал веќе започнал преговори со полскиот напаѓач. Главниот директор на „кралевите“ Хосе Ангел Санчез се наоѓа во Минхен и имал директна средба со Левандовски и неговиот агент.
Левандовски веќе подолго време се поврзува со заминување од Баерн и сака да се пресели во Мадрид. Меѓутоа, сега „кралевите“ ги очекува потешкиот дел од задачата, односно да ги убедат Баварците да ја пуштат својата ѕвезда.