Аргентинските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид е спремен да ја плати клаузулата за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.
22-годишен напаѓач сезонава на 18 натпревари во сите натпреварувања постигна 11 голови и има три асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе подолго време се шпекулира дека Барселона и Манчестер Сити сака да го донесат Лаутаро во своите редови, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Реал Мадрид.
Поради потешкотиите да дојдат до потписот на Килијан Мбапе, „кралевите“ ќе се насочат кон Аргентинецот и се спремни да ја платат откупната клаузула.
Лаутаро во договорот со Интер има откупна клаузула од 111 милиони евра, па „нероаѕурите“ нема да можат да го задржат ако некој клуб ја плати таа сума.